За GoEasy

Придвижете го вашиот бизнис со
брзo, едноставнo и автоматизиранo работење

Cloud софтвер

Се што ви треба е интернет, GoEasy работи на компјутер, лаптоп и мобилен уред, преку заштитена SSL врска

Само она што ви е потребно

Без сложени модули и функционалности, креиран за непрекината работа од првиот ден

Подобрена продажба

Ефективно работење со бизнис документи и контрола на наплата и трошоци брзо и едноставно

Бидете во тек

Имајте реален увид на вашиот приход,трошок,добивка и данок во секое време

GoEasy функционалности

  • Креирање и праќање фактури и профактури до вашите клиенти брзо и едноставно.
  • Управување со добавувачи, продукти, услуги и клиенти на компанијата
  • Менаџирање со повеќе вработени/соработници со различни пристапи
  • Дефинирање цени и рабати по клиенти
  • Евидентирање на влезни фактури и поврзани трошоци од вашите добавувачи
  • Контрола и следење на сите влезни и излезни продукти во магацинот
  • Контрола и следење на трошоци во компанијата
  • Планер и потсетник за состаноци, задачи , комуникации, настани
  • Автоматизирано едноставно сметководство
  • Графички и табеларни извештаи за вашиот бизнис

GoEasy придобивки

  • Креирање и праќање на влезни и излезни фактури брзо и едноставно
  • Автоматско известување за навремена наплата, помината валутација, промоции и сл.
  • Контрола на реални залихи на продукти
  • Следење на работата на сите ваши вработени,соработници и нивни активности
  • Прецизна евиденција каде и кога имате најмногу трошоци
  • Автоматско книжење по веќе дефинирани сметки на сите излезни,влезни документи и трошоци
  • Едноставен визуелен приказ на приходи , трошоци, даноци, добивка
  • Eвиденција каде, што, кога и колку е продадено
  • Планер за состаноци,задачи и комуникација со вашите клиенти
  • Мобилна апликација за полесно правење на фактури од лице место

Одберете го вашиот пакет

GoEasy Basic

за start-up компании и фриленсери

(препорачуваме)

GoEasy Pro

за мали компании, невладини и организации

GoEasy Plus

за средни компании, дистрибутери, дилери


Цени на пакетите

900 ден

месечно

1.900 ден

месечно

5.700 ден

месечно

Фактури и профактури

Креирајте и праќајте фактури и профактури до вашите клиенти брзо и едноставно.
GoEasy автоматски ќе ги известува вашите клиенти за навремена наплата, помината валутација, промоции и сл.

до 15 фактури/месец до 90 фактури/месец неограничено

Вработени,соработници и поддружници во компанијата

Вклучете повеќе вработени и соработници со различни привилегии во вашиот бизнис и мотивирајте ги вашите најдобри вработени/соработници.
Доделете на секој вработен/соработник од кој магацин да продава и да има пристап.

1 корисник до 3 корисници до 7 корисници

Клиенти, добавувачи и останати соработници

Креирајте база на сите ваши добавувачи, клиенти и останати соработници на компанијата, нивните податоци ќе ви овозможат полесно и попрецизно да управувате со вашиот бизнис

неограничено неограничено неограничено

Продукти и услуги

  • Внесете ги вашите продукти и услуги имајте прецизна евиденција која група или модел најмногу ви се продава и на кој клиент
  • Со внесување на цени и рабати по сите клиенти добивате поавтоматизиран процес на правење фактури и профактури

неограничено неограничено неограничено

Набавка на производи

  • Евидентирајте ги сите ваши влезни фактури, и бидете во тек со набавните цени од вашите добавувачи
  • Внесете поврзани трошоци за секој ваш влез на продукти со што ќе имате евиденција за вистинската влезна цена на секој од продуктите

Приказ на реален влез, излез и залиха на продукти

Имајте контрола и следете ги сите влезни и излезни продукти распоредени во повеќе магацини/подружници

Контрола на трошоци во компанијата

Внесувајте ги вашите тековни трошоци по категории и имајте прецизна евиденција каде и кога имате најмногу трошоци

Организатор на состаноци, задачи и комуникација

Евидентирајте и организирајте ги сите ваши состаноци, задачи и комуникации со вашите клиенти и бидете навремено известени за секој иден настан
Следете ја комуникацијата на вашите вработени со клиентите

Поврзете се со вашиот сметководител

GoEasy ви овозможва да се поврзете со вашиот сметководител со цел да го скратите времето и ги елминирате грешките при хартиена достава и препис на вашите бизнис документи

Автоматизирано едноставно сметководство

  • Автоматско книжење по веќе дефинирани сметки на сите излезни,влезни документи и трошоци.
  • Внесување на плаќања на клиенти
  • Прегледен и едноставен визуелен приказ на Профит/Загуба, ДДВ, Трошоци, Плаќања
  • Извештаи за спецификација, аналитика, бруто биланс,заклучен лист

Имајте евиденција каде, што и кога е продадено

  • кои се вашите најпродавани производи/услуги и нивни групи
  • од кои клиенти имате најмногу профит
  • каде и кој продукт/услуга најмногу ви се продава
  • споредете ја продажбата на вашите клиенти
  • имајте увид кој производ каде ви се продал и колку
  • што се увезиле , по која цена и кои ви биле трошоците споредено од претходниот влез

Мобилна апликација

Користете мобилна апликација за полесно правење на фактури од лице место и имајте увид на вашата продажба на едноставен и брз начин

Корисничка поддршка

Клиентска и техничка поддршка преку E-mail, GoEasy Facebook група и телефон

E-mail поддршка
водичи и видеа за користење
GoEasy Facebook група
E-mail поддршка
водичи и видеа за користење
GoEasy Facebook група
E-mail поддршка
водичи и видеа за користење
GoEasy Facebook група
телефонска поддршка
Порачај Порачај Порачај

ЧПП

Како се користи, правила, помош и сл

Што е GoEasy?

GoEasy е веб софтвер едноставен за користење, креиран со цел да му го овозможи на корисникот само она што му е потребно за менаџирање на својата компанија преку интернет

Како се користи?

По регистрација добивате email за потврда,по што се најавувате со што ви се појавува водич за пополнување на основните параметри за прво користење. По комплетирањето на водичот можете веднаш да почните да го полните вашиот профил со податоци (ваши клиенти, продукти, услуги, цени, рабати и сл.) или веднаш да пристапите со креирање на фактура користејќи ги брзите линкови за внесување на потребните податоци. Секоја ваша креирана фактура, профактура, влез на роба, трошок и сл автоматски се книжи на веќе предхотно дефинирана сметка со што и вам и на вашиот книговодител му овозможува прецизна и точна евиденција на вашето сметководтсво.

Кои се предностите?

За разлика од некои софтвери кои морате да ги инсталирате на својот компјутер, и се пренатрупани со чсложени функционалности кои повеќето од нив не ни ги ни користите, GoEasy едноставно и лесно може да го користите од било каде со овозможена интернет конекција на вашиот уред (лаптоп, таблет, мобилен телефон..). Можете да дадете ограничен пристап на вашиот сметководител со цел да има директен пристап до вашите влезни и злезни документи.

Дали моите податоци се сигурни?

Вашите податоци се целосно безбедни складирани на сервери со ISO сертификат, со автоматско правење на бекап на повеќе различни локации. Единствено само вие имате пристап до сите ваши податоци кои сте ги внеле во софтверот, освен ако самите вие му овозможите пристап со одредени превилегии на некој ваш вработен или соработник.

Дали имам некои ограничувања во користењето?

Независно кој пакет го коритете вие немате никакви ограничувања во однос на функционностите, обемот на внесени податоци и можностите на софтверот. Единствено сте ограничени во број на корисници во вашата компанија и број на излезни фактури кои ги правите на месечно ниво.

Што со моите податоци доколку се откажам од користењето?

Софтверот го користите врз основ на месечен надомест и не сте обврзани со никакви договори. Поради било каква причина доколку сакате да престанете со користење , сите внесени податоци ке ви бидат експортирани и доставени во соодветен формат.

Контактирајте не

Имате некое прашање? Нашиот тим ќе ве контактира
во најбрзо време